Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВТОРУВАЊЕ НА БОЛЕСТА: Уште еден штипјанец по втор пат заразен со коронавирусот

ПОВТОРУВАЊЕ НА БОЛЕСТА:  Уште еден штипјанец по втор пат заразен со коронавирусот

Во Штип втор пат е регистриран случај каде излекуван пациент од Ковид -19 повторно се заразил. 

Штипјанец по вторпат е заболен од коронавирус. 

Маж вработен во конфекција повторно е заболен. 

Директорката на Центарот за јавно здравје – Штип,  Марија Димитрова, објаснува дека тој бил позитивен пред неколку месеци, а е откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции. 

Првиот пат бил асимптоматски, но овој пат тој појавил поблаги симптоми, по што е тестиран и е позитивен. 

Првиот случај на повторување на болеста беше регистриран кај 46 годишен маж, кој откако оздраве, по неколку месеци се зарази од „текстилниот кластер“ и заврши во болница.

За едно деноноќие во градот има 8 случаи на инфицирани со коронавирусот. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675. 

Бројот на активни случаи со денови е под 2.000. 

Слично

Поврзани вести