Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторното судење за ТНТ закажано за 17 јануари

Повторното судење за ТНТ закажано за 17 јануари

Судскиот процес за случајот ТНТ за уривање на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фиат Цаноски ќе продолжи на 17 јануари 2020 година. Однапред, Судот го отфрли барањето на Обвинителството да ја прекине постапката против обвинетиот Тони Трајковски и членовите на Комисијата како неоснована. 

Дотогаш Судскиот совет треба да го констатира престанокот на мандатот на две поротнички кои навршуваат 60 години. Вчера најави дека тоа ќе го стори на првата наредна седница. При смена на поротник, судењето се враќа на нула, на воведени зборови и изјаснување за вина. Сè што било работено овие две години, не важи, треба да се повтори и изведе како за првпат.

Поранешниот градоначалник на Гази Баба не беше присутен на денешното судење, за што неговиот адвокат рече дека е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија. Судијата Огнен Ставрев информира дека добил поднесок од адвокатот Јовица Страшевски дека третообвинетиот може да доведен на судење, но после 15 часот или утре.

Обвинителот Бурим Рустеми побара одвојување на постапката. Во судницата беа присутни и повредените Фиат Цаноски и Ардијан Амзоски.

Од обвинетите денеска на рочиштето присуствуваше и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, додека на поранешниот премиер Никола Груевски му се суди во отсуство.



Слично

Поврзани вести