Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВТОРНО ЗАПЛЕНА НА ДЕВИЗИ НА ГРАНИЦА: македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

ПОВТОРНО ЗАПЛЕНА НА ДЕВИЗИ НА ГРАНИЦА: македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи.

- Лицето е македонски државјанин и на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување. При извршената контрола, во рачна торба на патникот биле пронајдени 8.800 евра, за кои лицето не поседувало никаков документ за потекло - соопшти Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење, додава Управата, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што може да се изнесе без да се пријави, додека останатите 6.800 евра се задржани. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.

Фото: Царинска управа

Слично

Поврзани вести