Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно снег во Македонија

Повторно снег во Македонија

УХМР најавува за утре повремени врнежи од дожд, а на планините снег. 

Од четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд.

Локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд. Најмногу врнежи ќе има во четврток, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 л/м 2.

Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Постепено затоплување се очекува од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.


Слично

Поврзани вести