ПОВТОРНО СЕ СТРЕСЕ ЛАРИСА ВО ГРЦИЈА: Земјотресот е почувствуван и во Македонија
Силен земјотрес кој ја стресе Грција е почувствуван и во Македонија.
Земјотресот бил со јачина од 5,6 степени според Рихтер во близина на Лариса, и е почувствуван во поголем дел на територијата на Македонија.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 12.3.2021 година регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 230 km јужно од Скопје во соседна Република Грција. Земјотресот се случи во 13 часот и 57 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML5.6. Според досегашните податоци, истиот е почуствуван во јужните делови на на Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од сеизмолошката опсерваторија на ПМФ во Скопје.
Веќе две недели по ред има земјотреси во близина на Лариса.