Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно се продава државно земјиште во Центар за хотели по цена од 1 евро за квадрат

Повторно се продава државно земјиште во Центар за хотели по цена од 1 евро за квадрат
Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија со намена за изградба на хотелски комплекси и деловни простории во општина Центар, предвидени со Детален урбанистички план за дел од Спортско-рекреативен центар „Кале“, Блок 2. Парцелите ќе се продаваат по пат на електронско јавно наддавање. Станува збор за две градежни парцели, наменети за изградба на хотелски комплекси кои се со површини од 2.350 и 374.2 м2 чија почетна цена на електронското јавно наддавање ќе изнесува 61 денар од метар квадратен и една градежна парцела, наменета за изградба на деловни простории која е со површина од 2.447 м2 и почетна цена на јавното наддавање од 6.000 денари од метар квадратен. Пријави за учество на наддавањето може да се достават најдоцна до 26 септември на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk. Јавните наддавања ќе се одржат по електронски пат на 30 септември 2014 година. Продажбата на земјиште за хотел кај комплексот банки, во централното градско подрачје, со почетна цена од 61 денар за метар квадратен, предизвика остра полемика меѓу Министерството за транспорт и врски и градоначалникот Андреј Жерновски во јануари. Министерството подоцна ја поништи аукцијата, но не поради ниската цена, туку затоа што се појавија приватни сопственици на дел од земјиштето кое се продаваше како државно.
Слично

Поврзани вести