Повторно се отвори 10-метарската дупка на патот Дебар - Маврово
Не поминаа ниту два месеци, повторно се отвори 10 метри длабоката дупка
на регионалниот пат Дебар – Маврово кај Бања „Косоврасти“. Патот претходно пропадна на 16 октомври, кога беше затворен за сообраќај бидејќи постоеше опасност дека дупката може да се прошири.
Поради тоа, сообраќајот на овој дел, на делница Дебар-Жировница, се одвива неизменично по оспособена девијација.
- Кратерот, односно пропадната дупка ја забележа наша екипа во 2:30 часот. Таа се наоѓа на истото место на онаа која беше на 16 октомври. Истата е со длабочина од над 20 и широчина од 6 метри. Сообраќајот го оспособивме по истата девијација, како и пред два месеца. Работиме на пополнување на кратерот со материјал-песок, потврди Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, во изјава за МИА:
