Повторно се одложи средувањето на струшката депонија
Повторно се одложи средувањето на фамознатадива струшка депонија со нови ветувања на струшките локални власти дека проблемот ќе се реши до почетокот на јули, откако првичните ветувања беа дека решение ќе има до мај, но тие не се реализираа.
Во моментов на локацијата кај постоечката депонија се одвиваат градежни активности за изградба на собирен пункт со претоварна станица каде што отпадот ќе се пресира и во специјални контејнери ќе се носи на депонијата Дрисла кај Скопје.
Градоначалникот на Струга, Рамиз МЕрко, очекува дека најдоцна до 10 јули пунктот да биде ставен во функција.
„Веруваме дека ова лето нема да гледаме оган и злоупотреба, односно загадување на животната средина во Струга и нејзината околина“, рече Мерко во последната изјава.
