Повторно се очекува студено време и пад на температурите
Промена на времето се очекува за викендот.
До сабота ќе имаме натпросечни температури, а од недела тие се спуштаат за 6 до 8 степени.
Утре максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, задутре од 15 до 20 степени, додека во сабота од 15 до 23 степени. Во недела ќе се намалат дневните температури и ќе се движат од осум до 16 степени, во понеделник од 7 до 13 и во вторник од 7 до 14 степени. Од УХМР информираат дека продолжува периодот на стабилно време. Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста.
foto freepik
Слично
