Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно се јави Кастриот Реџепи: Во понеделник ќе одржам прес-конференција

Повторно се јави Кастриот Реџепи: Во понеделник ќе одржам прес-конференција

Кастриот Реџепи, пратеникот на „Беса“, поради кого опозицијата вчера опозицијата не успеа да направи кворум за изгласување на недоверба на Владата, објави уште еден статус, овој пат на приватниот профил во кој наведе дека в понеделник ќе одржи прес-конференција за медиумите. И порача на „Беса“, која одлучи да се приклучи во опозицискиот блок, да не избрзува со одлуките.

„Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за се. Во однос на медиумите и интересот, ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно“, напиша Реџепи на неговиот приватен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Пратеникот на „Беса“ повторно не објави каде се наоѓа во моментов, а опозициските лидери вчера изразија сомнеж дека е присилен од власта да не дојде во Собранието. Лидерот на „Беса“, Билал Касами, објави дека го пријавил во полиција како исчезнат.


Слично

Поврзани вести