Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно регистриран земјотрес во Македонија

Повторно регистриран земјотрес во Македонија

Денеска повторно е регистриран земјотрес во Македонија. 

Земјотрес од 2,3 степени е регистриран во 12 часот и 06 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на 65 километри југозападно од Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес  регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скоpje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.3.

Овој земјотрес е почувствуван  во Маврово, Гостивар со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Вчера земјотрес од 2.8 степени беше почувствуван во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево. Ден претходно имало земјотрес близу Битола. 

Слично

Поврзани вести