Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: ПОВРЕДЕНИ СЕ ДВЕ ЛИЦА, ПОВТОРНО ПУКАЊЕ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ - посетителите бегаат од шопинг центарот, врие од полиција

МВР: ПОВРЕДЕНИ СЕ ДВЕ ЛИЦА, ПОВТОРНО ПУКАЊЕ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ - посетителите бегаат од шопинг центарот, врие од полиција

Во шопинг центарот „Ист Гејт Мол“ во Скопје во моментов се случува драма, а на местото има голем број специјалци и припадници на интервентната полиција.

Според првични информации од МВР, повредени се две лица, кои се во болница. 

„Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во изјавата која Фактор ја доби од Министерството за внатрешни работи.

Ова следува откако во јавноста се појавија информации дека посетители сведочат дека  во шопинг центарот се пука. Вработените ги затвораат дуќаните, а посетителите панично го напуштаат молот. Се забележуваат колони возила.

На 25 август годинава во овој шопинг центар исто така имаше мафијашка пресметка со пукање.

Телма телевизија објави дека во вооружениот напад, според првичните информации, ранет е и Раде Трајковски-Штекли кој пред точно два месеци исто така беше цел на напад во истиот Мол и на истата локација, во гаражата на нивото -1.

Нападот се случил околу 14 часот.

Двајцата ранети се префрлени во градската болница во центарот на Скопје. Едниот со потешки рани е префрлен на Клиничкиот центар, додека за второто лице се подготвува хируршка операција во болницата Наум Охридски, пишува Телма од свои извори.

Слично

Поврзани вести