Повторно протести во Скопје
Неколку стотици луѓе се собраа вечерва во центарот на Скопје на протест против како што велат режимот на премиерот Никола Груевски.
Организаторите на демонстрациите се членовите на граѓанското движење "Протестирам", кое беше формирано на 5-ти мај по откритието за убиството на 22-годишниот Мартин Нешковски, кој беше претепан пред 4 година за време на митингот на партијата на Груевски во центарот на Скопје.
Учесниците во протестот се насочија кон зградата на Владата, но таму беа пречекани од полициски кордон.
"Нашата цел е многу јасна - сите да разберат дека тука има граѓанско општество, кое се противи на корумпираната и авторитарна врхушка. Нашето основно барање е оставка на Никола Груевски", порачува Анастас Вангели, еден од активистите на движењето.
Во пораката на "Протестирам" се повикува, секој да го изрази своето незадоволство, независно од тоа каде се наоѓа, во Скопје, во земјата или во странство.
(Фото: РадиоМоф)
