Повторно протекоа одговорени прашања од државната матура
Од Државниот испитен центар потврдуваат дека тие се споделените прашања, но не можат да потврдат дали тестот е пробиен претходно или по почетокот на полагањето кога ученици го фотографирале и го препратиле во вибер групата.
– Некогаш се случува да носат повеќе од 1 телефон, еден телефон да го остават на местото каде што треба а другиот да го задржат кај себе. Работа на тестаторот е да го забележи тоа. Мислам дека тука има многу улога и тоа тестаторот како ја завршил својата работа бидејки мене ми е неверојатно да некој човек е задолжен да надгледува 15 ученици и воопшто да не забележи некој ученик го извадил телефонот, го фотографирал тестот, па добил текст, па го препишал цел текст од телефон, а притоа тоа да не се забележи воопшто, изјавила Билјана Михајловска, директорката на Државникот испитен центар.
Државната матура годинава се полага во холови, откако лани група средношколци преку Вибер група ги споделуваа тестовите и одговорите на прашањата.. Испитот по мајчин јазик го нагледуваа околу 2000 тестатори и 250 набљудувачи. Следниот испит ќе биде на 8ми јуни, а првичните резултати се очекуваат најдоцна до 8 јули.
