Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно промена на цената на горивата

Повторно промена на цената на горивата

Ново поскапување на нафтените деривати во малопродажба поради осцилаторните движења на цените на суровата нафта на берзата во Лондон.

За една недела, цените се повисоки за околу 1,3 долари по барел во споредба со цените од минатите две недели, кога регулаторот ја формираше актуелната малопродажна цена.

Во текот на оваа недела се очекува цената на барел нафта да отиде и над границата од 70 долари за барел. Доколку тоа се случи, извесно е дека регулаторот ќе направи значителна корекција која би одела и над 2 денари по литар.

И во моментов цените на нафтените деривати се прилично високи. 95 октанскиот супер изнесува 67,5 денари, 98 октанскиот- 69, а дизел се точи за 59 денари по литар.

Се очекува бензините да отидат над 70, а дизелот над 60 денари за литар.



Слично

Поврзани вести