Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно промена на цената на горивата

Повторно промена на цената на горивата

Денес околу пладне,  Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлуки за промената на цените на нафтените деривати во малопродажба. 

Компарирајќи со цените на светските берзи, некоја поголема промена не треба да се очекува.

Во моментов барел нафта на берзата во Лондон држи идентична цена како просечната од пред две недели. Сепак, во текот на изминатиот 14 дневен период, цената на нафтата кон крајот на минатиот месец до достигна месечниот максимум од 67 долари по барел што е можно да донесе и мало зголемување на цените кај одредени деривати.

Последната промена беше направена на 19 февруари кога цените беа намалени за 2,5 денари по литар..


Во моментов бензините чинат 65,5 денари за 95 октанскиот и 67 денари за ЕУРОСУПЕР 98, а  дизелот се точи за 57 денари по литар.


Слично

Поврзани вести