Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно проблеми со исплатата на платите во образованието?

Повторно проблеми со исплатата на платите во образованието?

Синдикалниот лидер на СОНК; Јаким Неделков, се огласи на социјалните мрежи, а според неговата објава може да се заклучи дека вработените во образованието имаат проблеми со исплатата на додатоците на плата.

„СОНК постапува по добиеното писмо од министерството за финансии, стасано во училиштата по електронски пат.

Ги уверувам сите вработени во образованието дека и понатаму ќе се исплаќаат сите додатоци на плата во согласност важечките Колективни договори. Замолувам за трпение, до следните информации“, објави Неделков.

Подоцна тој во уште една објава во низа напиша дека проблемите биле надминати.

„Платите во образованието ќе се подготвуваат како и до сега, во согласност со Колективните договори за основно и средно образование, со сите додатоци на плата кои му следуваат на работникот- потврдено од министерство за финансии“, напиша Неделков.

Независниот синдикат за образование минатиот месец на протест пред Собранието побара почитување на колективните договори, особено во делот на пресметка на платите и навремена и редовна исплата на платите.


Слично

Поврзани вести