Повторно превирања и закани со штрајк во „Македонски навигации“
Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) донел одука македонското небо целосно ќе се затвори за авионскиот сообраќај на 20 и 24 октомври дознава 24Инфо од извори во „Македонски навигации“.
Менаџментот на М-Нав не ги исполнил дадените ветувања, а Синдикатот бараше директорите на контролата на летање да запре со партиските вработувања во М-НАВ, да добие одобрување од Министерството за финансии за оглас за вработување на контролори на летање и инженери, како и распишување тендер за избор на меѓународна независна агенција која ќе изработи анализа за моменталната состојба и за неопходните кадри за нормално функционирање на друштвото.
Иако првично штрајкот беше закажан за 10 јули, контролорите одлучија да го одложат поради извесни придвижувања во исполнување на барањата. Сепак поради застојот во процесот, тие сега повторно застануваат цврсто зад своите ставови.
Од извори на Синдикатот за 24Инфо велат дека 20 октомври е избран како почетен датум по завршувањето на локалните избори, за да не се дозволи на раководството на М-НАВ да ја искористи ситуацијата и да го етикетира штрајкот како политички мотивиран.
Синдикалците дополнително предупредуваат и на притисоци врз вработените од страна на раководството на М-НАВ, со цел да се спречи нивното учество на претстојните состаноци на синдикатите.
