Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВТОРНО ПОЧИНАТИ ВО ДНЕВНАТА КОВИД СТАТИСТИКА: Нови 195 позитивни

ПОВТОРНО ПОЧИНАТИ ВО ДНЕВНАТА КОВИД СТАТИСТИКА: Нови 195 позитивни

Во последното деноноќие се регистрирани 195 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Од нив од Скопје се 107, Битола – 16, Охрид – 11, Прилеп и Кавадарци – по 9, Велес, Струмица и Делчево – по 4, Гостивар, Кичево, Кочани и Крушево – по 3, Куманово, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 2, Тетово, Струга, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 29 реинфекции.

Во последните 24 часа, регистрирани сe 207 оздравени пациенти  две починати лица од Скопје. Едното лице има 71 година, а другото 85 години. Двете лица се починати во болнички услови. 

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид коеима 83 години, починато во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (3) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Слично

Поврзани вести