Повторно почина маж во Охридското езеро кај Струга
МВР објави дека тело на починат средовечен скопјанец е извлечено вчера од Охридското езеро во Струга.
- На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице. Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје, објави СВР Охрид.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Пред шест дена крај струшкото крајбрежје беше извлечено безживотно тело на 40-годишен маж од селото Волино од Дебарца.
Слично
