Повторно отворени четири ковид-центри во Македонија
Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава достигна до 1.015 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид – центрите.
„Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид – центарот на Клиниката за уво нос и грло“, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје иминатото деноноќие се примени 55 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што вкупниот број е 428. Најмногу од примите во се на Интерните клиники – 36, додека во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 примени пациенти.
Во моментов само околу 50 слободни кревети во скопските болници, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
По подолго време, вчера беа регистрирани над 1 000 новозаразени во 24 часа.
