Повторно одложено; Нема распит за Димовски додека има имунитет
По втор пат е одложен распитот на ајтуелниот пратеник и поранешен министер за земјоделство Љупчо Димовски, овојпат за в петок, бидејќи Собранието уште не му го одзело пратеничкиот имунитет кој го штити од прогон.
Од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања сметаат дека на Димовски треба да му биде одземен имунитетот. За одлуката е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, кое треба да расправа за неа на пленарна седница.
Поранешните министри Михаил Цветков и Христијан Делев завршија во притвор. Ексминистерот Ацо Спасеновски поради здравјето заврши во куќен притвор, а за Љупчо Димовски ќе се чека одлука на собраниската комисија, потврди Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето при јавни набавки.
Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп,
