Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно невреме во Македонија

Повторно невреме во Македонија

На повеќе места во земјава попладнево има пороен дожд и грмежи, особено на југоистокот каде за кратко време наврна поголема количина на воден талог. Доцна попладнево со интензивна нестабилна маса е зафатена и Скопската котлина, каде имаше и појава на ситен град.

Невреме има и северозападно од Велес. И во наредните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд и грмежи, но силинита на процесите се очекува да слабее. Во текот на ноќта атмосферата постепено ќе се стабилизира.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела попладне и во следните денови повторно ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Во недела ќе дува повремено засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени..

Слично

Поврзани вести