Повторно неовластено снимање во тетовската болница, приведена вработена
Вработена во тетовската болница неовластено снимала, а потоа снименото видео го објавила на социјалните мрежи. Снимката била со пациентка од одделот за психијатрија. Задржана е во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
- Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28 ноември) околу 20 часот и 10 минути ја лишиле од слобода 46-годишната А.А. од тетовска Брвеница, која претходно била пријавена од 47-годишниот И.Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде била вработена, неовластено ја снимила неговата мајка која била хоспитализирана на едно од одделенијата, објави СВР тетово.
Претходно во април на социјалните мрежи се појави видео снимено наводно од лице вработено како анестезиолог на гинеколошкото одделение во тетовската болница, како во живо на Тик -Ток ги снима пациентките и вработените во една од салите за гинекологија во болницата во Тетово. Лицето беше ангажирано на одделението каде се прекинува бременост. По објавата, анестезиологот беше приведен.
