Повторно нападнат полицаец, овој пат во МРТВ
Полициски службеник кој извршувал службени дејствија во управните служби во зградата на МРТВ бил нападнат вчера, објави МВР.
Полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода З.К.(38) од Скопје по нападот над полицаецот.
Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
