ПОВТОРНО НАД 135 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19: Бројот ќе биде поголем, се чекаат уште резултати
Според податоците од тестовите кои се до сега пристигнати, денеска има повеќе од 135 новозаразени пациенти, велат извори од Комисијата за заразни болести за Фактор.
Се очекува бројот да биде и поголем бидејќи треба да пристигнат резултатите од приватните лаборатории, но како што истакнуваат од Комисијата за заразни болести, ова се очекувани осцилации бидејќи на почетокот на јуни огромен број од граѓаните одбивале да бидат тестирани.
Новозаразени најмногу има во Скопје и тоа повторно од општината Чаир.
Високиот број на починати од вирусот, велат од Комисијата, е заради тоа што пациентите доаѓаат во болниците буквално во животозагрозувачка состојба, односно кога е предоцна да се започне со какво било лекување.
Слично
