Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВТОРНО НА ПРОТЕСТ: Поранешни вработени од Охис уште ги бараат платите

ПОВТОРНО НА ПРОТЕСТ: Поранешни вработени од Охис уште ги бараат платите

Поранешни вработени во фабриката „Охис“, денеска повторно на протест во Скопје.

Протестот го започнаа пред Собранието на Република Северна Македонија, а според најавите подоцна ќе се движат кон Министерството за правда и кон Владата.

Фабриката е во стечај, а поранешните вработени бараат исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. 

Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.

Според вработените во „Охис“ државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.

Овој протест на поранешни вработени во скопската фабрика е уште еден во низата, бидејќи досега повеќепати тие протестираа пред институции и имаа средби со владини претставници.

Но според вработените, нема најава за средба со некој од институциите.




Слично

Поврзани вести