Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно ќе се протестира пред Влада против загадениот воздух

Повторно ќе се протестира пред Влада против загадениот воздух

Група на граѓани се организираат преку социјалните мрежи за мобилизација на нов протест против загадениот воздух кој утре треба да се одржи пред Владата на Република Македонија во 13 часот.

„Британската влада во 2000 ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, стои во објавата за настанот на Фејсбук.

Протест поради аерозагадувањето на сличен начин беше најавен и пред две седмици, пред Град Скопје, но тој беше одложен до, како што рекоа иницијаторите, некои други црни денови.


Слично

Поврзани вести