Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно ќе му се суди на Драган Даравелски

Повторно ќе му се суди на Драган Даравелски

На поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски повторно ќе му се суди.

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, дозволи повторување на кривичната постапка против Даравелски кој е осуден на седум години затвор за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Полицијата го уапси Даравелски минатиот месец на граничниот премин Табановце, при обид за влез во државава. 

Основното јавно обвинителство поднело жалба против решението на Советот, а денеска е добиена одлука на Вторстепениот суд со која решението на Кривичниот совет се потврдува во целост. 

Кривичната постапка против обвинетиот Даравелски не е запрена, односно со конкретното решение се дозволува повторување на постапката и ќе биде оформен нов предмет кој ќе биде распределен на понатамошно постапување.

Даравелски се товари дека го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој избега во Србија. Даравелски е уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, затоа што имал српско државјанство.

Читајте уште

Досие Даравелски: Царинскиот бос кој се одметна од државата!

Слично

Поврзани вести