Повторно ќе има невреме во Македонија
Повторно се очекува невреме во Македонија.
Управата за метеоролошки работи соопшти дека попладнево се очекува невреме проследено со врнежи, грмежи и силен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе се движи до 31 степен.
И во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Задутре на повеќе места во земјава ќе биде нестабилно, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни.
Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на неделата.
Минатата недела имаше обилни дождови во Македонија.
Слично
