Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно изгоре автобус на ЈСП

Повторно изгоре автобус на ЈСП

Во селото Грушино, во близина на Арачиново во текот на вчерашниот ден изгорел автобус на ЈСП Скопје. 

Според информациите на Телма, пожарот избувнал ненадејно, при што за кратко време огнените јазици го проголтале целото возило.

Последен пат автобус на ЈСП Скопје изгоре на крајот на јануари годинава во Сопиште, при што директорот на претпријатието изјави дека ќе се испитува дали станува збор за некаква саботажа.

На местото на настанот брзо реагирале противпожарни екипи, кои со навремена интервенција успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. 

Причините за пожарот се уште не се познати, но се очекуваат повеќе информации и детали од МВР и ЈСП.


Слично

Поврзани вести