„Повторно исто....избор на членови на УО и НО во Град Скопје ОД ТЕФТЕРЧЕТО...“Бившата антикорупционерка Ивановска со реакција
Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска со реакција за изборот на членови во Управни и Надзорни одбори во Град Скопје.
„Повторно исто....избор на членови на УО и НО во Град Скопје ОД ТЕФТЕРЧЕТО...
И со златни букви да се напишат законски одредби за поттикнување на транспаренрност, демократија и најмногу професионалност...попусто е бидејќи намерата останува и понатаму иста...да се наметне политичката волја како единствен и одлучувачки фактор во државата...
Бидејќи праксата покажува дека ченовите на УО и НО се исклучиво партиски...при промена на власта се создава лоша состојба на чистка по принципот " ИЛИ СИ ОД НАША ИЛИ НЕ"
Никој не прашува за стручност професионалност и одговорност...
Но колку да се знае и за вакви состобји ..Законот предвидува "Доколку основачот ги разреши сите членови на УО, до именување на нови може да назначи ВД кои ГИ ИСПОЛНУВААТ ЗАКОНСКИТЕ УСЛОВИ со мандат од 3 месеци без можност за продолжување.
ПРАШАЊЕ:
ОД КАДЕ ЈАВНОСТА ЌЕ ЗНАЕ ДАЛИ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНО ДА СЕ КАЖЕ КОЈ СЕ Е ПРЕДЛОЖЕН???....“, пишува таа.
Слично
