Повторно имаме три града без коронавирус
Повторно во Македонија имаме три града без коронавирус.
Дојран, Демир Капија и Пехчево се градови каде нема активни случаи на коронавирусот. По 1 има во Валандово и Дебар, а Берово и Богданци имаат по 2 активни. По 3 случаи има во Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод. Крушево има 4, а Македонска Каменица 5 активни. Гевгелија има 7, Неготино 8, а Кратово и Свети Николе по 10 активни.
Досега во земјата се направени вкупно 799.265 тестирања на Ковид-19.
Слично
