ПОВТОРНО ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ: за излез и влез се чека и по 40 минути, еве каде има најголем застој
Денеска повторно гужви на граничните премини. Овој пат покрај застојот на „Богородица“ се чека и на граничниот премин „Табановце“. Според информации од Автомото сојузот на Македонија поради зголемена фреквенцијата се чека околу 40 минути за излез и влез во државата. На останатите гранични премини, според АМСМ нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево - се нагласува во соопштението на АМСМ.
Фото: Фактор/Архива