Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВТОРНО ГУЖВИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ, задржувањето на границата подолго од очекувањата

ПОВТОРНО ГУЖВИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ, задржувањето на границата подолго од очекувањата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и на ГП Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, објави АМСМ. 

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слично

Поврзани вести