Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно гори во околината на Велес, огнот може да „проголта“ викендица

Повторно гори во околината на Велес, огнот може да „проголта“ викендица

Повторно гори во околината на Велес. 

Пожар денеска околу 13 часот избувна во близина на селото Ораовец, во Општина Чашка. Како што изјави за МИА командирот на Територијалната противпожарна единица од Велес Љупчо Лепидовски, од огнената стихија зафатена е површина од над 60 хектари. Гори багремова шума, нискостеблести растенија и трева. Пожарот оди високо по крошните на дрвјата.

Во моментов во опасност е една викендица што се наоѓа на почетокот, пред селото Ораовец. 

Слично

Поврзани вести