Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВТОРНО ГОРИ КАЈ БЛАЦЕ: Затворена е границата, собраќајот пренасочен во двата правци

ПОВТОРНО ГОРИ КАЈ БЛАЦЕ: Затворена е границата, собраќајот пренасочен во двата правци

Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце е пренасочен во двата правца поради појава на пожар на потегот по БП Дизел, спроти базата на „Гранит“, информира АМСМ.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста, велат од МВР.

Според податоците на ЦУК, заклучно со 13 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни се десет. Има три активни пожари во Македонски Брод, помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), во с. Самоков (опожарен лесно запалив материјал) и во с. Рамне (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков), два во Кавадарци: с. Крушевица (ниска вегетација) и с. Крњево (нискостеблеста вегетација) и по еден во Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар), Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација). Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума), Велес: нас. Речани (сува трева) и во Шуто Оризари (депонија). 


Слично

Поврзани вести