Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно гори депонијата во близина на Шутка

Повторно гори депонијата во близина на Шутка

Повторно избувна пожар на дивата депонија меѓу Шуто Оризари и Визбегово во Скопје, потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, надлежните служби веднаш реагирале и излегле на терен, каде се преземаат активности за локализирање и ставање под контрола на огнот.

  • - Надлежните служби се на терен и се преземаат мерки за справување со пожарот – информира Ангелов.

Ова не е првпат да избувне пожар на оваа локација, која со години претставува проблем поради наталожениот отпад и честите палења, особено во летниот период.

Институциите апелираат до граѓаните на внимателност и да избегнуваат движење во близина на депонијата додека трае интервенцијата.

Инаку над главниот град се шири густ црн чад кој е видлив од повеќе делови на Скопје. Ситуацијата се следи, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.



Слично

Поврзани вести