Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно гори депонијата над Арачиново

Повторно гори депонијата над Арачиново

Повторно е распалена депонијата во Арачиново, соопшти Центарот за управување со кризи. 

Од таму велат дека на терен за нејзино локализирање дејствуваат пожарникарите.

Како што соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, гаснењето ќе биде сложено бидејќи обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново.

Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје.

Претходно, оваа депонија беше ставена меѓу изгаснатите пожари во последните 24 часа.

(ВИДЕО) НАЈДЕНА Е ГОЛЕМА КОЛИЧИНА СОНЧОГЛЕД: Пожарот во Арачиново е подметнат

Фото: Илустрација

Слично

Поврзани вести