Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно голема бројка на заразени од корона, помалку оздравени

Повторно голема бројка на заразени од корона, помалку оздравени

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од кои во Скопје се 6, Куманово два и по еден во Прилеп, Тетово, Македонски Брод, Пехчево и Виница.

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.


Слично

Поврзани вести