Повторно е уапсен Љупчо Палевски - Палчо
Љупчо Палевски - Палчо е уапсен денеска во еден угостителски објект во Скопје, дознава Фактор. Според неофицијалните информации Палевски овој пат еуапсен поради тоа што тој деновиве по враќањето од Хрватска слободно шета и се движи меѓу луѓе, а требало да биде изолиран.
Дознаваме дека е приведен во еден угостителски објект во Скопје. Апсењето се случило пред малку.
Палевски всушност се врати во земјава пред помалку од десетина дена од Хрватска каде беше уапсен со потерница за бизнис малверзации и одлежа затвор. Нашите извори велат дека не почитувал мерки и дека самоизолацијата ја прекршил и со давање интервјуа .
Слично
