ПОВТОРНО ДОЛГИ КОЛОНИ НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА - продолжениот викенд Македонците ќе го слават во соседството
Продолжениот викенд повторно направи долги колони на граничнот премин „Богородица“.
Од утрово наши сограѓани на социјалните мрежи споделуваат фотографии од раните утрински редици на границата кон соседна Грција.
Поради одбележувањето на Денот на независноста, 8 септември, празнувањето се поместува за понеделник, со што многу наши сограѓани добиваат три дена одмор.
Токму продолжениот викенд е повод многумина да заминат на викенд во Грција, да ги искористат последнтие топли денови за оваа година.
Како што информираат од АМСМ, гужва има на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце каде времето на чекање за излез од државата е од 40 мин до 1 час.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
