ПОВТОРНО ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО СКОПЈЕ, полициските екипи веќе се на терен
Нова закана за бомба попладнево пристигнала во средното училиште „Раде Јовчевски - Корчагин“ во Скопје.
На учениците кои биле присутни во втората смена им било соопштено да ги напуштат училниците за краток период, и дека се ослободуваат од настава до крајот на денешниот ден.
Учениците веќе се излезени од училиште, а полициските екипи пристигнати во училиштето.
Засега како што дознаваме од сведоци на настанот се пристигнати три полициски возила.
Дојава за бомба, како што брифираат извори на Фактор има и во гимназијата „Орце Николов“.
На терен веќе има полициски возила како што може да се забележи и на нашта фотографија која ни ја испратија сведоци на настанот.

Слично
