ПОВТОРНО АКТИВИРАН ПОЖАРОТ НАД НОВО СЕЛО: Некој не тера да веруваме дека се самоактивирал, режира сцени подобро и од Спилберг
Заменик генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов, на фејсбук соопшти дека повторно се активирал пожарот над Ново Село, откако цели 15 дена беше целосно изгаснат.
„Почитувани, вчера во 18 часот и 10 минути беше пријавено дека пожарот над Ново Село е повторно активен при што веднаш беа испратени нашите екипи од ЈП “Македонски Шуми” од Беласица - Струмица во координација со шумската полиција и градоначалникот на општина Ново Село при што доцна синоќа ни беше потврдена повторната активност.
Овој пожар се појави на 11 јули над Ново Село во близина на населеното место Бадилен и истиот после невидено голема борба на многу сили од копно и од воздух беше целосно изгаснат по цели 7 дена, т.е. на 18 јули.
При вчерашната контрола од нашите службеници беше констатирано дека пожарот повторно станал активен на местото каде бил стопиран, т.е. изгаснат пред точно 15 дена.
НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО !!!
Некој не тера да веруваме дека после 15 дена пожарот повторно се самоактивирал?!?
Искрено, мое мислење е дека некој режира сцени подобро и од Спилберг, но, да оставиме времето и институциите да покажат и докажат што навистина се случило над Ново Село и воопшто секаде во Македонија каде што имаме вакви “случајности”.
АПЕЛИРАМ до нашите шумочуварски служби, МВР, Граничната и шумската полиција да не дозволуваат во иднина на место кое е на самата граница со Република Бугарија, место каде е нормално да имаме поголем интензитет на движење на овие служби и воопшто на територијата на цела Македонија незабележливо да ни се појавуваат вакви необјасниви случки.
Инаку, вчерашниот 2 август го завршивме со 8 активни пожари во Македонија кои активно се гаснеа.
Два пожари имаше на територијата на општина Пробиштип, а еден од нив беше оној на Осоговските планини во близина на село Зеленград, пожар кој се протега во доста непристапен терен и беше еден од најголемите.
Покрај овој, имавме пожар во атарот на селата Тажево и Брезница кон Јасен и пожар кој вчера попладне гореше на територијата на општина Охрид во близина на селото Косел.
Во текот на вчерашниот ден премногу активен беше и пожарот на Илинска планина над Демир Хисар, пожар кој го забележаа сите кои беа на прославата на Мечкин Камен, а пожар кој многу бргу зема замав и на истиот вчера активно делуваа и двата ЕР трактори.
Два пожари имаше на територијата на град Скопје и 8-от, оној кој повторно “самоиницијативно” се појави вчера доцна попладне над Ново Село, на границата со Бугарија после дури 15 дена хибернација“, напиша тој на фејсбук.
Слично
