Поврзете ги сите ваши активности со помош на телефоните од Galaxy S23 серијата
Компанијата Samsung Electronics ги претстави моделите Galaxy S23 Ultra, Galaxy S23+ и Galaxy S23, а со тоа и новата ера на супериорно искуство на користење на Samsung Galaxy телефоните. Познатата камера Samsung Galaxy им дава на корисниците поголема слобода да ја истражуваат сопствената креативност, а неповторливите функции несомнено ќе ви го олеснат секојдевието.
Несомнено новата серија Galaxy S23 ги поместува границите на корисничко искуство. Комбинирајќи го најдоброто од најдобрите, денес имаме уреди кои лесно се прилагодуваат на пребирливите барања на корисниците кои ги диктираат новите работни активности кои неретко изискуваат да работиме надвор од нашите канцеларии, во постојано движење. Токму затоа, вашиот најдобар пријател е тука да ви помогне успешно да се справите со мултитаскингот, а стресот од брзото секојдневие да го сведете на минимум.
Алатки за совршена фотографија
Камера со најмногу мегапиксели и бројни креативни контролни функции - и дење и ноќе. Galaxy S23 Ultra им овозможува на сите корисници да снимаат феноменални видео содржини. Истиот го нуди најнапредниот систем на камера за Samsung Galaxy, прилагоден речиси на сите услови на осветлување и дизајниран да доловува неверојатни детали. Подобрените можности за ноќна слика го трансформираат начинот на кој серијата Galaxy S ги оптимизира фото и видео снимките во широк опсег на условите во опкружувањето. Визуелниот шум што обично го намалува квалитетот на фотографиите при слаба осветленост се коригира со нов алгоритам за процесирање сигнал (ISP) базиран на AI кој ги подобрува деталите на сликата и тонот на бојата. Како прв меѓу телефоните на Samsung Galaxy, Galaxy S23 Ultra може да се пофали со нов 200MP адаптивен сензор за пиксели кој снима важни моменти со неверојатна прецизност. Користи поврзување со пиксели за да поддржува повеќе нивоа на обработка со висока резолуција истовремено . Со оглед на тоа дека селфи камерите се поважни од кога било за начинот на кој комуницираме денес, серијата Galaxy S23 воведува брз автоматски фокус и нашата прва Super HDR селфи камера со скок од 30 до 60 фрејмови во секунда за забележително подобри сликање и снимање на лицето од напред. За корисниците кои сакаат целосна креативна контрола и прилагодување, серијата Galaxy S нуди низа алатки за извонредно фотографско искуство. Апликацијата Expert RAW , достапна екслузивно на уредите Samsung Galaxy, овозможува фотографирање во DSLR стил и обработка на RAW и JPEG - без потреба од гломазна опрема за камера. Корисниците можат да експериментираат и да создаваат уметнички фотографии преку multiple exposures функциите или да направат јасна слика на Млечниот Пат со поставките за Astrophoto од апликацијата Samsung Camera или Expert RAW. Дополнително, новите можности за зумирање на апликацијата Camera Controller за серијата часовници Galaxy Watch5 им овозможуваат на корисниците да снимаат совршено врамени снимки директно од нивниот зглоб.

Сигурност на податоците
Серијата Samsung Galaxy S23, исто така, обезбедува повисоко ниво на мобилна безбедност со Samsung Message Protection. Оваа моќна sandboxing алатка проактивно заштитува од напади на пораки без да ги отвора. Станува збор за нов тип на сајбер напад каде што самото примање на слика може да го загрози уредот - дури и без реакција на корисникот. Samsung Message Protection делува како виртуелен карантин и регистрира штетни слики за да добивате само безбедни. Искуството за безбедност и приватност се основата на серијата Galaxy S23. Секој паметен телефон доаѓа со целосна заштита на Samsung Knox, која има добиено повеќе државни и индустриски сертификати од кој било друг мобилен уред, платформа или решение на пазарот. Контролната табла за безбедност и приватност на уредите Samsung Galaxy им дава на корисниците целосна видливост за тоа кој има пристап до нивните податоци и како тие се користат. Брзо и лесно проверете дали личните податоци се загрозени со пристап до едноставни совети за промена на поставките за побезбедно искуство. Корисниците исто така можат да одлучат точно кои апликации и програми имаат пристап до нивните податоци и како може да се користат.
Процесор подготвен да одговори на сите ваши активности
Samsung и Qualcomm заедно го оптимизираат искуството на Samsung Galaxy со најновата мобилна платформа за Galaxy уредите „Snapdragon 8 Gen 2 за Galaxy“, најмоќната и ефикасна платформа досега кај паметните телефони Samsung Galaxy со најбрзите карактеристики до сега. Гледајќи напред кон иднината на врвниот дигитален реализам, Galaxy S23 Ultra е подготвен да поддржува следење зраци во реално време кога станува збор за мејнстрим мобилни игри. Корисниците ќе можат да гледаат значително пореални сцени, благодарение на технологијата која го симулира и следи секој зрак светлина. Исто така, комората за пареа за ладење на Samsung Galaxy сега е поголема , и на секој модел од серијата Galaxy S23, гарантира дека гејмерскиот маратон е непрекинат. Заедно со целата оваа моќ доаѓа и широк екран од 6,8 инчи со заоблени рабови на Galaxy S23 Ultra со намалена кривина за поголема и порамна површина за најдобро визуелно искуство на паметен телефон Samsung Galaxy. Уникатната функција Samsung Galaxy Enhanced Comfort им овозможува на корисниците да ги приспособат тоновите на боите и нивоата на контраст за да го намалат напрегањето на очите пред екранот во ноќни услови. Функцијата за засилување на сликата сега се прилагодува на три нивоа на осветленост наместо на две наспроти силната светлина и отсјајот на дневна светлина.

Почнувајќи од 17 февруари 2023 година, Galaxy S23 Ultra, Galaxy S23+ и Galaxy S23 ќе бидат достапни од операторите и трговците на мало, како и на Samsung.com. Серијата Galaxy S23 доаѓа во четири нијанси инспирирани од природата: фантомско црна, крем, зелена и лаванда .
Galaxy S23 Ultra се продава во Северна Македонија по препорачана малопродажна цена од 83.999 ден, Galaxy S23 + по препорачана малопродажна цена од 71.999 ден и Galaxy S23 по 56.999
S23 Ultra - https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23-ultra/
S23 и S23+ - https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23/ПР објава
