Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повредените во експлозијата во Драчево се уште во критична состојба

Повредените во експлозијата во Драчево се уште во критична состојба

Трите жени од скопско Драчево кои се дел од осуммината повредени во вчерашната експлозија која зафати две куќи се уште во критична состојба.

Имено, пациентите и денеска се на интензивна нега . Една од повредените има над 60 посто изгореници по телото и во моментов е приклучена на апарати за дишење, додека другите две се подобро и од Интензивна се префрлени во Центарот за изгореници.

Имено, незгодата се случи вчера околу 15 часот додека семејствата на тројцата браќа Амети биле собрани на ручек а  а еден од браќата во другата соба монтирал греалка на плин , по што боцата експлодирала и настанал пожар.

Експлозијата повреди 8 лица кои имаат тешки изгореници.

Пожарот е спречен кон соседите и во моментов е под контрола, но поради испарување на отровни материи и истекување на гас истрагата на надлежните вчера беше прекината и продолжува денес.

Официјална информација за пожарот е дека експлозијата се случила додека се монтирало грејно тело со плински боци.

Слично

Поврзани вести