Повредените имаат 29 и 35 години, пренесени биле во „Систина“
Двете лица се повредени по вооружениот напад кој синоќа се случи во скопската населба Железара имале 29 и 35 години, а се возеле во „Ауди“.
Од МВР потврдија дека во 00.21 часот добиле пријава дека на ул.„Ферид Бајрам“ биле слушнати истрели од огнено оружје.
„На 24.02.2020 во 00.21 часот во СВР
Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ биле слушнати истрели од огнено
оружје. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека
И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било
оштетено патничко возило „ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје. Повредените
биле пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош. Се
преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во извештајот на МВР.
Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
