Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повредениот Димушевски надвор од животна опасност

Повредениот Димушевски надвор од животна опасност

Александар Димушевски е во стабилна здравствена состојба, пренесуваат дел од медиумите.

Димушевски кој е еден од организаторите на скопските кружни трки денеска попладне беше удрен од автомобилот на српскиот автомобилист Урош Бркиќ кој исто така заврши во болница.

Според информации од приватната болница во која се наоѓаат двајцата повредени, Димушевски имал скршеници во пределот на главата.

По инцидентот кружната автомобилска трка беше прекината. Димушевски е претседател на Автомобилскиот клуб „Примо“ и организатор на денешната трка. Урош Бркиќ кој е полесно повреден е натпреварувач од Србија.

Слично

Поврзани вести