ПОВРЕДЕНИ ТИНЕЈЏЕРИ ОД КУМАНОВО ВО СООБРАЌАЈКА - Едниот е малолетник, пренесени се во градската болница
Тинејџери од Куманово завршија во болница откако се возеле со мопед и имале сообраќајка со автомобил фолксваген шаран.
Како што појаснуваат од МВР, едниот од нив е малолетник. Двајцата биле пренесени во болницата во Куманово, каде што им била укажана помош.
- На 01.07.2023 околу 23,10 часот било пријавено дека во Куманово на крстосницата од бул.„3-та Македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(31) од с.Клечовце, кумановско и мопед „априлиа“ со битолски регистарски ознаки, на кој се превезувале Д.Т.(18) и 15 годишен малолетник, двајцата од Куманово - наведува МВР во билтенот.
Од таму додаваат дека двајцата тинејџери од Куманово се пренесени во болница, при што било утврдено дека возачот кој е полнолетен се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот со полесни.
- По несреќата Д.Т. и малолетникот биле пренесени во Општата болница Куманово, каде од лекар на Д.Т му биле констатирани тешки телесни повреди, додека на малолетникот му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово - додаваат од МВР.
