Повредени се три девојки по излетување на четирицикл кај Вејце
Три девојки од тетовското село Селце се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу шарпланинските села Вејце и Селце, откако четирицикл излетал од коловозот.
Несреќата е пријавена на 17 јуни во 13 часот, а во неа учествувало четирицикл со тетовски регистарски ознаки.
Најтешко е повредена 25-годишната Е.Т., која го управувала возилото, додека нејзините сопатнички Е.Б. (18) и В.Т. (20) се здобиле со телесни повреди. На сите три им е укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата и работи на утврдување на причините и околностите под кои дошло до излетувањето од патот.
Слично
